Лоши вибрации? Актерката одби да ја лансира својата линија на сексуални играчки
Актерката Џилијан Андерсон одби да ја лансира сопствената линија на сексуални играчки.
Ѕвездата од сериите „File-Х “ и „The Crown“ откри дека добила „непристоен предлог“ откако обожавателите ја бомбардираа со вибратори поради улогата на терапевтoт Џин Милбурн во хит серијата „Sex Education“ на Netflix.
Одбивајќи да открие зошто не би инвестирала во индустријата за возрасни, ѕвездата рече дека „не се сеќава зошто рекла не“.
Тоа значи дека таа не успеа да им се придружи на познатите личности кои имаат свои линии за играчки, вклучувајќи ги Гвинет Палтроу и Лили Ален.
Андерсон доживува преродба во кариерата откако играше во „The Fall“, но и како поранешна премиерка Маргарет Тачер во драмата „Тhe Crown“ на Netflix.
52-годишната жена вели дека времињата се сменија затоа што сега има повеќе улоги за жени постари од 40 години, но и дека одбива понуди.
„Сега е поразлично отколку пред дури десет или 15 години“, изјави таа за старите медиуми.
“Тогаш една жена на моја возраст, барем на телевизија, ќе се бореше да најде нешто. Се чини дека сега има многу убави улоги. Тешко е да не станеш малку пребирлива”, рече Андерсон.