Марија Шерифивиќ решила да ги израдува своите следбеници на Инстаграм, па се вклучила со “live” видео и разговарала и пеела со нив.
Таа на своите фанови им поделила и подароци, а потоа се вклучил во живо и познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, што сосема ја изненадило Марија.
– Ова никој не го очекуваше… Дали е во ред оваа песна? Новак, дали си добар?- го прашала пејачката.
– Се распеав во својата теретана. Секој на своето работно место. Ти благодарам. Супер сум, ми ја разубави вечерта. Моментално сум во Шпанија, рекол Новак.
– Те сакам, оди тренирај, биди добар граѓанин, каков што си. Те сакаме сите, царе- му порачала Марија.
Ова ги воодушевило сите следбеници на Марија, а таа продолжила да го држи својот мини концерт.