Сексот во парк во текот на денот можеби и не е најдобрата идеја.
Сексот во природа, т.е. јавноста е секогаш ризик. Постои можност некој да ве види, и ретко може да најдете место чија удобност може да се мери со креветот. Од друга страна, сексот во јавност е привлечен за многу луѓе, а за оние кои сè уште не го пробале, неколку луѓе го споделија своето најлошо и најдобро искуство од сексот надвор од дома.
Една девојка со нејзиното поранешно момче честопати одела на риболов каде останувале цел ден, а понекогаш и преку ноќ. “Додека чекавме некоја риба да ја фати мамката, ќе имавме секс во грмушка. Одлично беше затоа што никој не можеше да не чуе како користиме вибратори и секс играчки. Ме возбудува сексот во природа.”
Друга се присети на роденденската забава каде што се сретнала со момче со кое не можеле да ги контролираат страстите. “Зборувавме малку, а потоа ја напуштивме куќата каде имаше многу луѓе, сите простории беа окупирани. Отидовме во дворот на црквата во близина и имавме секс на бетонот – беше јануари! Беше ужасно студено, разочарувачко и језиво “, таа рече.
Додека студирал, еден човек живеел со своите родители исто како и неговиот партнер, така што секогаш морале да дојдат до некои начини да имаат односи, но не дома. Тие еднаш нашле место во парк кој бил целосно празен и се препуштиле на страстите. „Одеднаш видовме еден човек како го шета кучето. Само направи чуден звук и продолжи да оди. Отидовме во автомобилот и продолживме со сексот, а фактот што некој нè виде беше навистина возбудлив“.
“Имав пријателка со привилегии на колеџ и една вечер отидовме на прошетка. Имавме секс на плажа, но моравме да бидеме тивки затоа што минуваа луѓе. За среќа, никој не нè виде. Беше многу непријатно, но звукот на бранови и sвездите ја поправија атмосферата“, рече еден 30-годишник.
Една 22-годишничка се шетала со момче со кое се запознала пред малку. Тие се возбудиле, па помислиле зошто да не го пробаат сексот во природа. Се криеле под мост, но поради нервоза ниту еден од нив не можел да издржи долго. „Слушнавме луѓе како поминуваат, брзо се облековме и избегавме. Не разговаравме долго време после тоа и никогаш повеќе немавме секс“.