“Луѓето умираат!”Фановите згрозени од објавите на Ким Кардашијан во време на пандемија

popara9 април, 20201min00
ким

Ким Кардашијан ниту во карантин не отстапува од промовирање на својата линија на долен веш. Иако е затворена во вилата со своето семејство заради пандемијата на коронавирус, Ким со разголени фотографии го промовира својот бренд на долен веш.

Додека таа се фали како нејзините креации им прилегаат на сите и како нејзиниот долен веш е многу удобен за носење, други во коментари ја потсетуваат дека човештвото се бори со болест и дека економијата страда.

“Никој нема пари за твоите крпи сега”, и порачуват некои од следбениците.

“Ким, луѓе умираат”, додале други.

“Моментално важно е да се грижите за здравјето и безбедноста, а не за долниот веш. Америка има најголем број на заразени од коронавирус, не знам за што размислувате сите вие”, порачале трети.

Ким, чиј имот минатата година е проценет на 370 милиони долари, на дадените коментари не обрнала многу внимание. Наместо тоа, во следната објава го промовирала новиот парфем кој го лансирала со мајка и Крис Џенер.

Сепак, таа открила дека 20 проценти од продажбата ја донира во семејства и деца погодени од пандемијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma