Љубовта помеѓу водителката Јована Јоксимовиќ и пејачот Жељко Јоксимовиќ започнала за време на Евровизија во Белград во 2008 година, а нивната љубовна приказна и по 12 години предизвикува интерес во јавноста.
Таа во едно интервју отворено зборувала за нивниот брак, но и за тоа дека активно учествува во работата на сопругот. Изјавила и дека фрлила во ѓубре цел еден албум на Жељко велејќи му “Ова нема да биде издадено додека јас живеам во оваа куќа”.
Воедно рекла дека е зачудена колку луѓето зборуваат за нивниот брак, а не ги познаваат.
“За кариерата на Жељко одлучува самиот тој. Ние се договараме и разговараме, но никој никому не му врши притисок”, изјавила познатата водителка.