Истражувачите тестирале 210 студенти симулирајќи судска постапка. Ги поделија во шест члена и им дадоа докази, а тие, како адвокат, мораа да дадат се од себе за да го ослободат својот клиент. Некогаш водач на групата беше жена, друг пат маж.
Откако ја донеле „пресудата“, истражувачите оцениле колку учесниците биле чувствителни, лути, влијателни, искрени, омилени, компетентни и рационални во искажувањето на своите ставови. Студијата заклучила дека во случај кога жената изразила лутина и бес, таа изгубила влијание, кредибилитет и поддршка, додека мажот во истата ситуација добил важност.
„Лутите мажи се мажествени, одлучни и силни, додека лутите жени се едноставно хистерични – барем тоа е перцепцијата на однесувањето на жената и мажот. Додека жените честопати ќе бидат осудувани или гледани како агресивни ако јасно и гласно го искажат своето мислење, припадниците на посилниот пол ќе бидат наградени за истото “, заклучи студијата на Универзитетот во Аризона.
Тенисерката Серена Вилијамс беше казнета со скоро 10 000 евра пред неколку години затоа што изгуби контрола за време на натпреварот и започна да вика на судијата на линијата. Подоцна изјавила дека постапката ќе се третирала сосема поинаку ако се работеше за маж, пренесува Daily Mail.