Мачката Палмерстон од британското Министерство за надворешни работи се повлекува во пензија и му испрати писмо на шефот

popara8 август, 20201min00
1289591

Главниот ловец на глувци во британската канцеларија за надворешни работи Палмерстон се повлекува по четири години стаж во Вајтхол. Мачката му испрати писмо на Симон Мекдоналд во кое изрази желба да излезе од очите на јавноста и да започне да работи од дома.

Спасената мачка Палмерстон започна да работи во британското Министерство за надворешни работи во 2016 година, што предизвика гласини за ривалство со мачката Лери, која живее на улицата Даунинг.

  • На моите 105.000 обожаватели на Twitter јасна им е порака дека дури и оние со четири нозе и крзно играат важна улога во глобалната политика на Велика Британија, напиша Палмерстон.

Палмерстон нема целосно да се повлече од јавниот живот и ветува дека секогаш ќе биде амбасадор на Велика Британија.

Сер Мекдоналд му одговори на Палмерстон дека ќе им недостасува на сите во Министерството.

Палмерстон донесе одлука да се пензионира по долг престој во изолација заради корона вирусот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag