Донираше голема сума пари за пронаоѓање на вакцина против корона вирусот.
Поп-пејачката, Мадона, откако неодамна ја шокираше јавноста со видео во кое рече дека „развила антитела на корона“, изјавила дека се залага за Бил Гејт и ги поддржувала неговите напори во пронаоѓање на вакцина против корона вирусот.
Таа во својата изјава вели:
“Ова ни е неопходно за да ги заштитиме нашите медицински работници, но исто така и семејството и пријателите. Јас сум импресионирана од работата на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и нивните напори да најдат вакцина против овој вирус”, рече Мадона.
Пејачката донираше и еден милион евра за да се пронајде вакцина и лек против коронавирус.