Кралицата на поп музиката Мадона (61) два месеци се забавувала со поранешниот кошаркар Денис Родман (59), во 1996 година но сега се открија нови детали за нивната врска.
Наводно Денис бил во Лас вегас каде се коцкал, а Мадона му се јавила за да му каже дека оргаизирала приватен авион да го однесе до Њу Јорк каде била таа. Откако пристигнал кај неа тие ја поминале ноќта заедно и следниот ден Родман се вртил во Вегас. Но тоа не било се од таа вечер. Според некои информации Мадона го заклучила Родман во својата соба и не го пуштала да си замине.
Во својата автобиографија „I Should Be Dead By Now“ Родман за овој настан го вели следново:
„Ми праќаше порака од типот на „сакам да бидам со тебе, ми недостасуваш“ и вулгарни пораки како „те посакувам во мене, и нема да те пуштам дур не ми направид дете“. Во едно интервју кошаркарот дури рекол дека Мадона му понудила 20 милиони долари за да ја затрудни.
Сепак нивната врска траела само 2 месеци по што секој продожил по својот пат. После Мадона Роднам се забавуваше со Кармен Електра, Виви А. Фокс, Џини Буш, додека Мадона се омажила неколку пати .