Маја Оџаклијевска се повлекува од сцената: Уморна сум од сè

30 ноември, 2020
maja

Пејачката Маја Оџаклиевска се појави во шоуто „Луда ноќ“ на РТС, а откако ја отпеа песната и ја воодушеви публиката истакна дека настапот всушност е нејзино збогување.

Имено, пејачката истакна дека е изморена од сè и дека нејзиниот настап во шоуто, како што рече, е убаво збогување, што изненади многу гледачи, а особено ги растажи оние кои ја сакаат Маја и нејзиното пеење.

Инаку, Маја ретко се појавуваше во последните неколку години, таа се повлече од јавноста, живее со пензија од 33.000 динари и се грижи за нејзиниот внук Лука, кому му беше дијагностициран аутизам пред седум години.