Младата мајка од Флорида, Џули Денис (32), која има две деца, дошла на идеја да го продаде сопственото млеко за време на вирусот корона и финансиската криза, со која доела сурогат бебе, а досега има заработено 19.300 евра, објави Мирор.
Бидејќи била сурогат мајка, по шест месеци сфатила дека на детето не му треба млеко, па решила да ја продаде скапоцената течност. Таа продава 28 грама млеко за 90 американски центи на семејства чии мајки не можат да имаат природно млеко. Работи како професор во средно училиште, а недостатокот на пари го надокнади на оригинален начин, додава Мирор. „Не е сè во парите, сакам да им помагам на луѓето кои имаат потреба, но секако она што го заработувам значи за моето семејство и мене“, рече Денис.