Македонецот Борко Андреевски, кој живее и работи во Велика Британија, потврди дека доброволно ќе се тестира за вакцината „Ковид-19“.
Доброволното вакцинирање започнува утре на универзитетот Оксфорд.
Андреевски доброволно се пријавил да му помогне на светот да се справи со новиот, опасен вирус.
Според неговата изјава, врз основа на извршените прегледи, било утврдено дека ги исполнува условите за тестирање.
„Сега очекувам да добијам датум кога ќе бидам тестиран, а потоа ќе одам на шест прегледи во наредните три месеци од вакцинацијата“, вели Андреевски.
Toj е првата личност во регионот на Западен Балкан која ќе се тестира за вакцина против вирусот „Ковид-19“.