Марулата е многу здрава и е омилена летна салата, а најубавата секогаш можете да ја најдете на пазарот. Сепак, одењето на пазар секој ден не е многу практично и немаме секогаш време за тоа, а салатата може да свене доколку остане во фрижидер долго време.
Сепак, постои трик како да ја сочувате свежината на вашата зелена салата значително подолго.
Измијте ги листовите од зелената салата и делумно исушете ги, одвојте ги листовите и наредете ги на хартиена крпа, со лесни движења, без стискање замотајте ја салатата во хартиена крпа, а потоа ставете ја пластична ќеса. Пред да ја затворите ќесата, обидете се да го истиснете воздухот од неа за да создадете еден вид вакум што заедно со влажноста ќе ја одржува салатата свежа. Ќесата со салатата салата чувајте ја во фрижидер и извадете ја само количината што ви е потребна.
На овој начин ќе имате свежа зелена салата кога и да ви треба – свежо и крцкаво!