Мала куќичка на тркала, со трем и бавча звучи како сон. Овој пар решил сонот да го претвори во реалност.
Марк и Јоана сакале дом кој совршено ќе одговара на нивниот начин на живот. Минималистчки дом во кој нема да има отпад, ниту премногу работи, само она што е неопходно, како и малку сонце и многу љубов.
Екстериерот на куќата е од дрво, а вистинската убавина доаѓа од отворениот простор. Позади куќата има мал трем кој е направен од колови за домати.
Внатрешноста на куќата е пријатна со природна светлина. Куќата има купатило и поткровје кое претставува простор за спиење. Направена е и дополнителна детска соба.
На поткровјето има повеќе простор, а на двете страни има прозорци заради подобро проветрување и поголема природна светлина.
Парот ја изградил куќата за 50 000 долари и за само 3 месеци.