МАЛА ГАЛЕРИЈА НА ГОЛЕМ МАЈСТОР: Сликар кој го нарекоа „уметник на короната“

popara7 април, 20202min00
korona

Повеќето од нас својата работа ја извршуваат во изолација предизвикана од коронавирусот, исто како и на оваа слика: се обидуваме да седнеме што е можно поблизу до прозорецот за да не нѐ фати клаустрофобија.

Погледот на делот од градот во кој живееме е исто запуштен како и кај делото на Хупер: можат да се видат околните згради, улици, но без присуство на други луѓе, човекот на сликата е прикажан сам.

Американскиот сликар Едвард Хопер, кој деновиве честопати го нарекуваат и корона уметник, сликата наречена „Канцеларија во мал град“ ја создал во 1953. година. Воедно тоа е единствената слика што ја насликал таа година, тој не бил хипер-продуктивен. Роден е во Нијак, во близина на Њујорк, но целиот свој возрасен живот го поминал во Њујорк.

И покрај раздвижените њујоршки улици, на сцените што ги насликал најчесто се осамени лица, емотивно оддалечени од околината и од другите луѓе. Хупер симболично ја прикажал психичката изолација на мажот. Денес, оваа симболика е буквална, улиците на градовите се токму такви, поединци се заробени меѓу нивните sидови.

Сликата била купена од музејот за уметност Метрополитен во Њујорк, веднаш по нејзиното создавање, и таму е до ден денес. Сопругата на уметникот ја опишала сликата како „сцена на еден човек во бетонски sидови“. Самиот уметник рекол дека неговата цел е да се наслика „чувството на изолирана канцеларија високо во воздухот“.

Нема индикации за професијата со која се занимава лицето на сликата. Се чини дека во моментот кога сонувачот е насликан, тој не е насликан во времето на вредна работа. Се чини дека е заробен во својата канцеларија. Амбивалентни чувства кон модерен, градски живот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag