Мало потсетување на шокантното раскинување на еден од најпопуларните парови во Холивуд!

popara3 април, 20202min00
Met-Dejmon-i-Mini-Drajver

Мет Дејмон и Мини Драјвер биле во врска повеќе од една година, се додека познатиот актер решил на емисијата на Опра, која се емитува во живо да изјави дека е „single“ и не се гледа со никого.

Во 1998 година, актерот Мет Дејмон стана еден од најбараните актери во Холивуд, откако доби оскар (заедно со Бен Афлек) за најдобро оригинално сценарио, за филмот „Good Will Hunting“. Тој и Бен Афлек станаа најдобри пријатели, а од тогаш ги познаваме како тандем.

Сакаме да ве потсетиме на љубовниот живот на Мет во тој период. Актерот во тоа време се забавуваше со колешката Мини Драјвер. Дејмон и Драјвер беа едни од најпопуларните холивудски парови тоа време, а медиумите често коментираа дека се недопирливи. Тие беа недопирливи, сè додека Мет реши неславно да се раздели со неа.

Тие биле заедно повеќе од една година кога Мет Дејмон гостувал на познатото шоу на Опра Винфри. Кога таа го прашала дали моментално се гледа со некој, тој и одговорил дека е слободен и не се гледа со никој. После оваа јавна изјава на Мет, Мини возврати со коментар.

„Срамота е што Мет го кажа сето ова додека гостуваше кај Опра. Очигледно, му се пружило прилика да му објави на светот дека раскинавме, што според мене е тотално непристојно. Секако, еден месец пред тоа на  друго шоу зборуваше за тоа колку ме сака и колку сме одлични заедно“, рече разочараната актерка по неговиот „настап“ кај Опра.

Мини во тој момент го сметала за нејзин дечко и наводно, не зборувал со неа за било какво раскинување пред шоуто. 14 години подоцна, Мини во едно интервју изјави дека тогаш била многу млада и целосно заљубена во Мет. Начинот на кој тој раскинал со неа и го скршило срцето и кога ќе се сети на врската, би сакала да останеле во добри односи.

Мет Дејмон по паузата беше во врска со Винона Рајдер, со која се запознал преку тогашната девојка на неговиот најдобриот пријател Бен Афлек, Гвинет Палтроу. Тој ја запознал неговата сегашна сопруга Лусијана Баросо во 2003 година, се венчале после две годишна врска и се во брак до ден денес.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag