Погледнете што се случува со вашите органи додека бебето расте во вашиот стомак.
Дали има поголема среќа за жената од моментот кога ќе дознае дека е бремена? А покрај таа среќа доаѓаат и голем број на промени, како ментални така и физички.
Да, за сите нас е јасно дека бебето полека во тие девет месеци го зазема своето место во стомакот на мајка си , расте и се прилагодува на своето живеалиште.
И додека го следиме развојот, растот и движењето на бебето, никогаш не размислувавме за тоа што се случува со нашите органи.
Да, бебето си создава простор за себе, и сите ваши органи мораат малку да се „мрднат“ за да им биде убаво.
Музејот на наука и индустрија во Чикаго објави видео, во кое се прикажани промените во телото на мајката за време на бременоста.
Погледнете го фасцинантното видео: