За да направите кафе, доволен е цврст стисок за да постигнете максимален притисок од 18 бари.
Ако веќе мора да бидете зависни од нешто, кафето е дефинитивно најмалo зло – и за оние кои не сакаат да живеат без него додека освојуваат нови врвови или возат во природа на две тркала, Вакако смислил решение.
Корисна пумпа за еспресо од 336гр се вклопува во секој ранец, а за да го направите омилениот пијалок доволен е цврст стисок за да постигне максимален притисок од 18 бари, што е повеќе отколку што може да постигнат некои едноставни машини за домашно еспресо.
Долг е само 15,5 сантиметри и во резервоарот за вода собира 80мл вода.
Нанопресо се полни со обично мелено кафе или со адаптери – капсули кои се купуваат и е лесен за одржување. Лесен е да се расклопи и потоа може лесно да се исчисти. Цената на преносна машина за еспресо на Амазон е околу 65 долари.