Маските не нè штитат целосно, но можеби тоа е уште подобра опција за нас: Еве зошто!

popara11 септември, 20202min0
korona-virus-2-830x0

Новата теорија на истражувачите се заснова на фактот дека може да бидеме имуни на вирусот корона поради маските

Научниците тврдат дека масовната употреба на маски за лице може да дејствува како еден вид „сурова вакцина“ против вирусот корона и дека тие можат да го зајакнат нашиот имунитет.

Хируршките и платнените маски не обезбедуваат целосна заштита и можно е одредена количина капки да поминат низ нив.

Експертите веруваат дека постојаната изложеност на луѓето на мали количини на вирус може да го „обучи“ нивното тело да се бори против ковид-19.

Недокажаната теорија е објавена од научници од Универзитетот во Калифорнија во „New England Journal of Medicine“.

Хипотезата веројатно нема да може да се докаже, бидејќи за тоа би биле потребни неетички експерименти врз луѓето.

Самата теорија се заснова на фактот дека помалку луѓе умираат или се разболуваат сериозно од коронавирус во Источна Азија, каде маските беа доста чести дури и пред пандемијата.

Научниците потенцираа дека не ја сметаат маската за решение, ниту пак препорачуваат луѓето свесно да го зајакнат имунитетот на овој начин.

Вариолација

Вариолацијата е изложеност на здрави луѓе на болести со цел тие да изградат имунитет. На сите ни е позната техниката што се користи низ историјата за зајакнување на имунитетот на луѓето против сипаници. Оваа теорија се базира токму на тоа.

Тој верува дека малите капки коронавирус што ги вдишуваме од време на време му помогнаа на нашиот имунолошки систем подобро и поефикасно да се заштити од поголеми количини.

Научната советничка група за вонредни состојби на британската влада (САГЕ) претходно соопшти дека верува дека „вирусното оптоварување“ игра голема улога во тоа колку некој ќе има тешки симптоми.

Тие рекоа дека тоа објаснува зошто толку многу здравствени работници, кои доаѓаат во контакт лице-в-лице со сериозно болни пациенти, починале од ковид.

Ова значи дека некој што е индиректно заразен со допирање на рачката може да заврши со поблаги симптоми од оној што вдишува капки на заразено лице.

Експертите од Универзитетот во Калифорнија сметаат дека масовното носење маски значително ја намалило количината на вирусно оптоварување со кое се заразува просечно лице.

Погледнете кои маски се најефикасни, а кои не се: