Девојки, колку и да се обидуваме да ги избегнуваме маснотиите во името на убавината, вистината е дека тие се делат на два типа – штетни и корисни. И од оние кои спаѓаат во групата на најздравите не само што не се дебелее, туку може и да се ослабне! Како што е со маслиновото масло на пример.
Тоа е богато со незаситени масни киселни, кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол во организмот и помагаат за одржување на телото во форма. Нешто повеќе! Дури само мирисот на маслиновото масло помага при смалување на вишокот килограми. Знаете дека тој е многу препознатлив и секогаш се чувствува кога јадете салата со корисно маслиново масло. Па, веќе е докажано дека тоа не тера да се чувствуваме сити, а така прифаќаме помалку калории. Супер, нели?
Научниците од Минхен и Виена дури утврдиле дека вкусот и аромата на овој природен производ им помагаат на луѓето да прифатат до 200 калории помалку на ден.
Воопшто не е лошо!
Тие спровеле многу интересен експеримент. Замолиле група доброволци да јадат по 500 грама кисело млеко на ден, додека половина од нив требало да додадат кон него маслиново масло.
Се покажало дека учесниците кои конзумирале и маслиново масло, земале многу помалку калории и не добиваат на тежина. А научниците се убедени дека тоа се должи пред се на мирисните соединенија содржани во маслиновото масло.
Па, заслужува да вклучиме повеќе од него во менито, нели?