Мажите често се кријат во бањата
Тогаш кога ви требаше помош на сопругот со децата, се изгуби секаква трага од него
Звучи познато? Па, тој скоро сигурно трчаше во бањата.
Имено, истражувањето во кое учествувале 1.000 мажи покажало дека дури 45 проценти од припадниците на посилниот пол редовно „се кријат“ во бањата со цел да избегнат нивните сопруги да викаат или да се грижат за своите деца.
Тие наведуваат дека „скоро никогаш немаат време за себе и дека бањата е нивното единствено засолниште“.
Мажите истакнуваат дека без овие кратки мигови на одмор, нивните животи би биле неподносливи.
А, прецизните Британци пресметале дека посилниот пол, во просек, поминува 7 часа годишно скриени во бањата.
Мажите не оставаат ништо на случајноста и дури 40 проценти признале дека однапред подготвувале списанија, книги за да ги користат за време на нивните „криенки“.
Сепак, колку и да се обидоа да побегнат од сите, барем за момент, повеќето од анкетираните мажи признаа дека жените скоро секогаш ги прекинуваат во слатко бегство, а децата тоа го прават малку поретко.
Од друга страна, иако бањата им е важна како „оаза на мирот“, мажите не сакаат да ја чистат, а истражувањето покажува дека во 72% од случаите – тоа го прават жени.