„Медова“ диета: 4 начини да изгубите тежина со МЕД!

popara12 јуни, 20201min00
med

Ослободете се од вишокот килограми со консумирање на оваа храна

Една од најздравите природни храни е дефинитивно медот.

Не само што помага да се спречат настинки или да се намалат симптомите, туку може да биде и голем сојузник во борбата против вишокот тежина.

Изберете највисок квалитет (органски) мед и подготвени сте за „мед“ диета.

Мед пред спиење

Една од диетите базирана на мед, наречена хибернација, е прилично едноставна. Земете 1 до 2 лажици мед пред спиење. Научниците тврдат дека на овој начин го забрзувате метаболизмот, потрошувачката на маснотии, го намалувате стресот и ја поттикнувате ноќната регенерација на ткивата и мускулите, пишува во списанието „Lifepress“.

Пијалок од мед

Познато е дека консумирањето топла вода со лимон на празен стомак наутро може да биде многу корисно за вашата диета. Но, кога ќе додадете мед на тоа – ефектот е уште подобар. Овој рецепт е омилен затоа што е едноставен, достапен и навистина функционира.

Измешајте 1 чаша топла вода (250 мл), 2 лажици свежо исцеден сок од лимон и 1 лажичка мед. Пијте го сокот секое утро, веднаш по будењето на празен стомак.

Чај од цимет

Ако редовно пиете чаша топол чај со цимет со мед, можете да го балансирате шеќерот во крвта, да го подобрите метаболизмот и да изгубите тежина (особено во пределот на стомакот).

Чајот се подготвува со мешање на половина лажичка мелен цимет во една чаша зовриена вода. Покријте и оставете да отстои 15 минути. Потоа додадете 1 лажичка мед, промешајте и пијте топло. За најдобар ефект, пијте го овој пијалок наутро, но никогаш со оброци.

Мед и ѓумбир

Комбинацијата на мед и ѓумбир е моќен еликсир, кој го подобрува варењето на храната, но исто така согорува калории и топи маснотии. Пијте чај од ѓумбир измешан со лажичка мед 20 минути пред оброкот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag