Меџикал оркестар и Џијан Емин, со концертна изведба на „Ну погоди!“

popara5 септември, 20201min0
orkestar

Симфонискиот оркестар „Меџикал“ под раководство на Џијан Емин синоќа пред гостиварската публика го претстави музичкиот проект „Ну погоди!“, со што беше заокружена втората фестивалска вечер од The Park Festival, музичка манифестација која се организира во Гостивар. Настанот се одржа под посебени заштитни мерки и со намалена бројка на посетители. Вечерва ќе има концерт на Нокаут и Игор Џамбазов.

На големата сцена во градскиот парк на отворено настапи голем симфониски оркестар, бенд, вокален ансамбл, и при нивната изведба беа пуштани видео-проекции. Проектот „Ну погоди!“ пред гостиварци ја донесе музиката од некои од култни цртани филмови од земјите од Источниот блок: „Как Казаки“, „Козле Бозле“, „Густав“, „Балтазар“, „Ну Погоди“, „Балтазар“, „Мечето Ушко“.

Мултимедијалниот настан „Ну погоди“, беше премиерно изведен минатото лето во Градскиот парк во Скопје.

За трета вечер на фестивалот (5 септември) концерт ќе одржат „Нокаут“ на кој како специјален гостин е најавен Игор Џамбазов.

За љубителите на електронската музика ќе има посебна вечер во недела на 6 септември на која ќе настапат Јански, Редон Роби, Фикс и Флудер.

За време траењето на фестивалот секоја вечер од 18 до 20 часот во летниот театар на десниот брег на Вардар ќе се организираат настапи преку изложби и перформанси на млади артисти.

The Park Festival го организира продукцијата Ин Бокс Ентертејтмент и финансиски е поддржан од Министерството за култура и општина Гостивар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag