Меган и Хари за последен пат се појавија во јавноста како дел кралско семејство. Војводата од Сасекс и неговата сопруга не дојдоа во црквата со кралицата како и повеќето други членови на кралското семејство, а до крајот на месецот и официјално ќе престанат да бидат активни членови на британското кралско семејство.
Принцот Хари (35) во неделата ја заврши својата последна задача како генерал на кралската морнарица и на официјалниот прием во салата „Ројал Алберт“ во Лондон, каде дојде со неговата сопруга Меган Маркл (38), која не ја тргна насмевката од лицето.
Во понеделникот, парот повторно се појави во Лондон заедно со кралицата Елизабета Втора со што ја извршија и последната кралска должност пред да го започнат новиот живот во Канада.
Членовите на кралското семејство пристигнаа во Вестминстерската опатија на миса по повод Денот на Комонвелтот, но сите очи беа упатени кон принцот Хари и Меган, кои го стресоа кралското семејство со нивната желба за независност и напуштање на статусот на кралското семејство и должноста кон обврските.