Меган и Хари во жестока кавга – морала да интервенира и полицијата

popara2 јуни, 20201min00
profimedia-0514274092-1-

Кога пред неколку месеци 38 годишната Меган Маркл и три години помладиот принц Хари одлучија да ја напуштат Англија и да се преселат во Америка се надевале на мирен семеен живот. Но не е така. Откако од нив почнале да се жалат соседите сега на врата им се појавија и полиција и тоа поради нивна жестока расправија, според странските медиуми.

Според нив парот секојдневно се расправа, а нивната последна караница ескалирала до степен да морала да интервенира и полицијата. Најголема причина за расправиите е нервозата на Меган како и незадоволството од животот во Лос Анџелес, кој не испадна онака како што очекувала.

Но се чини дека не е тоа единствената причина. Според извор близок до парот на Меган и смета и Хари. „Многу ја нервира фактот дека Хари не се труди многу да се навикне на животот во Холивуд. Цело време носи една иста сива поло маица. Се омажи за принц, а не за клошар. Кога е лута на него му збори дека меѓу двете нема разлика. Дополнителната нервоза е пред се поради фактот дека не може да му се врати на актерството поради пандемијата со корона вирусот“ – заклучил изворот.

Соседите на кралскиот пар не се задоволни со нивното вселување бидејќи населбата константно е прелетувана од дронови и е зголемен бројот на медиуми, па поради тоа ги нарекле „соседи од пеколот“. Луѓе плаќаат милиони за да живеат таму бидејќи населбата е мирна и им овозможува приватност. Но со доаѓањето на Меган и Хари сето тоа се изменило и сега соседството е во тотален хаос.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag