Меган и Хери ја разлутија јавноста со новиот гаф, а принцот тагува бидејќи во Америка се чувствува многу изгубено!

popara13 јули, 20201min00
megan

Меган Маркл (38) и принцот Хари (35) го привлекоа вниманието на јавноста излегувајќи од приватна забна ординација.

Имено, парот во петокот беше на стоматолог, а за таа прилика беа облечени во сосема лежерна облека. Меган носеше ленено фустанче, капа, очила за сонце и балетанки, а Хари беше во фармерки, маица и патики и носеше капа. И двајцата носеа заштитни маски за лице.

Дел од јавноста коментираше за возилото на Меган и Хари во кое пристигнаа кај стоматолог. Имено, парот се залага за грижа за околината, а пристигнаа во црн Cadillac SUV, кој ја загадува многу околината. Многумина коментираа дека Меган и Хари се лицемерни затоа што немаат електричен автомобил и често патуваат со приватен авион наместо со други луѓе на редовни летови , а во исто време зборуваат за борба и заштита на планетата.

Американските медиуми истакнаа дека овој Кадилак е нов гаф за славната двојка. Покрај тоа, тие неодамна беа на четири летови во приватен авион за дури 11 дена. Патем, Меган го прекина пријателството со дизајнерката Џесика Мулрони, минатиот месец , откако таа јавно ја нападнала афро-американската инфлуенсерка Саша Ексетер. Саша објави пораки во кои Џесика ја нападнала и ја навредувала затоа што таа зборувала за движењето „Black Lives Matter“.

Во исто време, како што пишува Том Квин, автор на биографијата “Kensington Palace: An Intimate Memoir from Queen Mary to Meghan Markle” ,принцот Хари се чувствува изгубен во Лос Анџелес, исто како што се чувствува неговата сопруга во Велика Британија.

Пред трајно да се преселат во Америка, парот, наводно, требал да помине половина од времето во Лондон, половина во Лос Анџелес. Дури потоа тие се преселија во Беверли Хилс.

Квин вели дека Хари не го мрази Лос Анџелес, но се бори да се пронајде себеси таму, а во исто време Меган го одвлекла во метежот и вревата што секогаш биле проблем во нивната врска. „Тој се чувствува малку изгубен затоа што сега доживува како и било на неговата сопруга во Велика Британија“, истакна авторот на кралските биографии.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag