Меган Маркл (38) го тужеше британскиот таблоид „Mail on Sunday“ за неправилно и непрофесионално известување за неа и принцот Хари (35). Меган изјави дека медиумите го малтретирале и искористувале нејзиниот татко, иако таа не разговарала со него две години. Странските медиуми сега известуваат дека Меган го изгубила првиот спор против таблоидот. Судијата ги отфрли сите обвиненија во тужбата поврзани за приватноста на војвотката во првата пресуда за случајот што ќе продолжи да се „влече“ на суд.
Прелиминарното сослушување на овој случај беше минатата недела. Судијата седеше во судницата додека адвокатите и новинарите се вклучија преку видео повик. Адвокатот Дејвид Шерборн, рече дека Меган ќе ги обезбеди сите потребни докази за да докаже дека весникот го искористил нејзиниот татко.
Меѓутоа, адвокатот на таблоидот Антони Вајт му рече на судијата дека е љубопитен како Mail on Sunday е обвинет за злоупотреба, засрамување, манипулирање и искористување на Томас Маркл, ако Меган две години не комуницирала со нејзиниот татко. Како доказ, Меган пред судот ги покажа пораките и достави писмо упатено на нејзиниот татко. Станува збор за нивна приватна порака уште пред кралската свадба и одлуката на Томас да не оди. Маркл рече дека споменатиот таблоид намерно го вмешал нејзиниот татко, не покажувајќи ја вистината, туку со единствена идеја да ја оцрни во јавноста.