Меган Маркл сака да ги спречи таблоидите да ги објават овие информации

popara10 јули, 20201min00
фгхјк


Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, побара од судот во четвртокот да му забрани на издавачот на таблоидот Mail on Sunday да ги објавува имињата на петмина нејзини пријатели кои би можеле да бидат сведоци во судската постапка. Меган го тужи британскиот издавач „Associated Newspapers “ поради написите во таблоидот објавен минатата година, во кои се вклучени делови од писмото што таа му го испратила на нејзиниот татко Томас Маркл во август 2018 година. Таблоидот го оправдува објавувањето на писмото со тврдење дека петмина неименувани пријатели на Меган ја претставија нејзината верзија на настани во интервјуа за американското списание „People“. Нејзините адвокати велат дека не е точно дека таа ги овластила своите пријатели или се договориле со нив да му кажат на списанието „People“ за писмото, а во четвртокот рекоа дека „Associated Newspapers “ се заканува дека ќе ги објави нивните имиња.

„Секоја од овие жени е приватно лице, млада мајка и секоја има основно право на приватност“, додаде таа. Меган и Хари живеат со нивниот син Арчи во Лос Анџелес, откако ги укинале своите кралски должности кон крајот на март, делумно заради интензивното мешање на медиумите во нивните животи. Во мај, судијата во случајот отфрли дел од нејзината тужба дека весникот постапил неправедно и предизвикал расправија помеѓу неа и нејзиниот татко.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma