Уште откако ја донесоа одлуката на почетокот на јануари оваа година да се повлечат од сите кралски должности и да го продолжат животот како обични луѓе во Америка, поранешната актерка, 38-годишната Маркл Маркл и три години помладиот Хари, не престанаа да го привлекуваат вниманието на јавноста. Иако имаа намера да живеат помирен живот, се чини дека дури сега „излегоа на површина“ некои детали. Откако се пишуваше за втората бременост веќе некое време, списанието „New Idea“ откри дека Меган сака развод веднаш штом ќе пристигне второто бебе.
Проблемите во бракот на оваа кралска двојка, наводно, растат. Еден извор за споменатиот медиум потекнува од Admiralty House во Сиднеј, Австралија каде војводата и војвотката од Сасекс престојувале за време на посетата на земјата во 2018 година. Во тоа време, тие, наводно, спиеле во одделни простории бидејќи не делеле исто мислење за втората бременост. Додека Меган не може да дочека да има второ бебе, изгледа дека Хари сè уште не е подготвен за тој чекор.
Иако изворите не откриле многу детали, како што тврдат, блиските пријатели на принцот се загрижени што Меган сака развод кога ќе се роди тоа второ дете. Патем, извор близок на парот неодамна откри дека Меган го принудува Хари да остане во Америка. „На Хари му недостасуваат пријателите и семејството , но Меган јасно му стави до знаење дека нема враќање назад. Тоа би можело да биде причината поради која Меган врши притисок за нејзиното второ дете да се роди во Америка. Хари и дозволи на Меган таа да одлучува за сè и без сомнение ќе послуша се што ќе побара од него. Тој веќе не е свој човек“, рече тогаш анонимниот инсајдер.