МЕГАН НАДВОР ОД СЕБЕ: Хари навечер се искрадува и излегува со Адел

popara7 јули, 20201min00
Annotation 2020-07-07 133551

Што се случува?

Кога на почетокот на годината го напуштија дворот и отидоа на друг континент, 35-годишната Меган Маркл и нејзиниот три години постар сопруг, принцот Хари, очекуваа дека животот со едногодишниот Арчи конечно ќе им тргне како што замислиле. Меѓутоа, се чини дека сепак тоа не е случај, ако може да им се верува на пишувањата на таблоидот New Idea, на Хари му е доста од се па навечер се искрадува од куќата и оди во кафичи, и тоа со 32-годишната пејачка Адел.  

Meghan Markle

 Наведениот медиум пишува дека Меган со ноќи, кога не внимава на Арчи, е затворена во канцеларија каде што работи на своето враќање во Холивуд, а Хари за тоа време е ‘непослушен’. ‘Една вечер го бараше и од член на послугата дозна дека се искрадува од куќата. Не е дека Хари го криеше своето пријателство со Адел, туку Меган не примети дека се случува нешто значајно’, откри извор близок на кралското семејство.  

Adele

‘Стана опседната со тоа да ннивните животи ги присили да одат во насоката која таа ја замислила, покрај целото лудило кое се случува во светот. Поради тоа не ни примети дека принцот Хари бара утеха во други жени’, додаде изворот и додаде дека принцот и пејачката потајно излегуваат барем еднаш неделно. ‘Адел е многу забавна и сака да се напие, токму како и Хари пред да ја запознае Меган. Адел е здив на свежина и ‘прибежиште’ од се што му се случува во Лос Анџелес, а што не му се допаѓа нималку’, вели изворот.  

princ Harry

Сепак продолжува, ‘пијаните’ ноќи со Адел не се ништо непримерно околу што Меган би се вознемирувала. ‘Колку што слушнав, нема тука никаков флерт, иако Хари неколку пати повтори дека му се допаѓа новиот изглед на Адел. Таа навистина блеска, а никогаш не ги криела своите симпатии кон Хари. ‘Знам дека кажав дека не паѓам на црвенокоси, но тоа е принцот Хари! Тогаш би била вистинска војвотка!’, заклучува изворот.  

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag