Меган за малку ќе го изгубеше старателството над Арчи!

popara31 јули, 20201min00
megan i archi

Откако на почетокот на годината објавија дека го напуштаат кралското семејство и го продолжуваат животот како „обични “ луѓе во Америка, 35-годишниот британски принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл се најдоа во центарот на вниманието на медиумите а теориите за вистинската причина за нивно напуштање на Велика Британија стануваат сè поинтригантни со секој изминат ден. Во најновиот број на магазинот Nation Enquirer, се вели дека Меган се откажала од кралските привилегии за да не го изгуби старателството над нејзиниот едногодишен син Арчи Харисон.

Meghan Markle

Имено, како што изјавил изворот за споменатите медиуми, постојаното „жалење“ на војвотката од Сасекс и жалење за сето она што се случува околу неа, започна да ја мачи кралицата Елизабета Втора како и некои други постари членови на семејството кои избрале да посветат поголемо внимание на Хари. “На неа ќе и треба сета ментална и емоционална сила за да може да се бори против монархијата. Таа мора да биде свесна дека е дел од добро координирана машинерија и ако застане на патот на нивните планови, тие ќе искористат сè што можат против неа”, објасни изворот и додава дека еден од чекорите што можела да ги преземе палатата е да ја повредат сопругата на принцот Хари со тоа што ќе и го земат старателството над нејзиниот син Арчи.

Meghan Markle Kate Middleton

Исто така, истиот извор објасни дека, со оглед на нејзиниот сегашен животен стил, Меган никогаш не би се согласила да и го одземат синот.Токму поради тоа, горонаведениот магазин тврди дека војвотката одлучила навреме да ја напушти палатата и да спречи потенцијална битка за старателство над сопственото дете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma