Првата дама избра и совршена комбинација среде ноќ, а според изгледот на Иванка, јасно е кој победи.
Обраќајќи се на нацијата по повод изборните резултати на кои Доналд Трамп објави „не можат да нѐ стигнат“, сите погледи беа вперени до женскиот дел од семејството Трамп.
Изгледот на првата дама покажува дека ситуацијата околу изборите е сериозна. Елегантно како и секогаш! Меланија Трамп беше совршено облечена во 2.30 часот по полноќ, времето кога американскиот претседател ѝ се обрати на нацијата.
Бела кошула и црно сако со црни панталони одлично и прилегаат на првата дама во изборната вечер. Без непотребна шминка и пуштена коса, Меланија изгледа совршено дури и среде ноќ.