Првата дама на Америка, Меланија Трамп неодамна се појави во јавноста во дворот на Белата куќа, каде присуствуваше на церемонијата на доделување награди за најголемите херои на Соединетите држави за време на борбата против епидемијата „Ковид-19“.
За оваа пригода, таа блескаше со фустан за кој што навистина треба многу самодоверба.
Имено, убавата Словенка се прошета во тесен бел фустан со шарени точки со средна должина, кој го искомбиира со портокалови обувки, а ова едноставно, но ефикасно издание ги воодушеви дури и најстрогите модни критичари.