Менталните проблеми се позастапени кај младите Европјани во периодот од 11 до 15 годишна возраст, според студиите кои во вторникот ги објави Светската здраствена организација (СЗО).
Спроведеното истражување се насочило кој здравјето и социјалното однесување на децата на возраст од 11, 13 и 15 години од 45 земји, како што објави СЗО.
Тоа покажало дека менталното здрвје во многу земји помеѓу 2014 и 2018 година бележи пад. Според истражувањето менталното здравје опаѓа со растењето на децата, кое посебно истакна дека девојчињата се во поголема опасност. Еден од четири адолесценти наведуваат дека чувствуваат нервоза, иритација и тешкотии со спиењето барем еднаш неделно.
„Зголемениот број на момчиња и девојчиња во делови на Европа сведочи за лошото ментално здравје, чувствувајќи се лошо, нервозно и иритационо, а тоа се повеќе не загрижува.“ – искоментирал регионалниот директор на СЗО за Европа др. Ханс Хенри П. Клуге.
Клуге рекол дека лесниот пристап на службите кои се занимаваат со ментално здравје ќе им се исплати тројно, „здраствените, социјалните и економските добитоци за денешните адолесценти, утрешните возрасни и идните генерации“.
Истражувањето е спроведено во Универзитетот Глазгов во Шкотска, а учествувале 220 00 школски деца од Европа и Канада. Во третина од земјите бројот е зголемен на оние кои чувствуваат притисок од школските обврски. Повеќе од една десетина од испитаниците пријавиле дека биле жртви на малтретирање на друштвените мрежи два месеци пред истражувањето.