Метју Меконахи се забавуваше со постарите лица кои не смеат да излегуваат од дома заради изолацијата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
Добро познатиот холивудски актер одигра неколку круга бинго преку социјалните мпежи со стари лица во старечки дом во Тексас.
На Меконахи му се придружија и неговата сопруга Камила, како и неговата мајка Кеј и две од нивните три деца, и сите тие ги бодреа и ги пишуваа броевите и имињата на победниците преку една апликација.
„Дарежливоста и љубезноста на Метју Меконахи и неговото семејство што тие им ги покажаа на нашите стари луѓе беше навистина неверојатна, и ние ќе им бидеме вечно благодарни за тоа“, се вели во видеото што го објавија на социјалните мрежи.