Познатиот актер Жан-Клод Ван Дам е во одлични односи со пејачката Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг, бизнисменот Тони Бијелиќ.
За време на престојот во изолација, за време на оваа пандемија на корона вирус, холивудската суперeѕвезда се сети на српската музичка ѕвезда и нејзиниот сопруг, објавувајќи фотографија од сите нив.
– Ми недостасуваат овие среќни времиња со семејството и пријателите пред карантинот заради корона вирусот. Се надевам дека сите ќе бидеме во ред наскоро – напиша Жан-Клод и објави фотографија од неговиот син Ник Ван Дам и ќерката Бјанка.
Драгана Мирковиќ се воодушеви кога ја виде оваа фотографија на профилот на Ван Дам.