МИКИ РУРК го нарече Роберт Де Ниро е*ан плачко и го предупреди дека ќе го посрамоти.
67-годишниот глумец се огласи на инстаграм и ја оживеа неколку децении старата кавга помеѓу него и Де Ниро (76), велејќи дека слушнал дека тој зборува бесмислици за него.
Ѕвездата тврди дека слушнал од пријатели дека Роберт го нарекол лажливец во медиумите, иако не наведе детали. Се верува дека конфликтот настанал околу филмот Ирец во 2019та година, пренесува msn.com.
“Слушај ме, господине тврди во филмовите, ти си првата личност која ме нарекла лажливец и тоа беше во весниците”, напуша Мики и додаде дека се колне во “бабата, браќата и своите пси” дека ќе го посрамоти 100%.
Минатата година Рурк тврдеше дека поради Де Ниро не ја добил улогата во Ирец. “Скорсезе сакаше да се цретне со мене за филмот со Пачино и Де Ниро”, рече лани глумецот за италијанското шоу Live – Non e la D’Urso. “Личност од кастингот му рекла на мојот менаџер дека Роберт Де Ниро рекол дека одбива да работи со мене на филмот.”
Претставниците на Де Ниро велат дека Мики воопшто не е планиран за било која улога во филмот.