Мила Кунис и Ештон Кучер се разведуваат?

popara12 јуни, 20201min00
Celebrities At The Los Angeles Lakers Game

Иако по странските медиуми веќе подолго од една година се ‘шушка’ за проблемите и можниот распад на бракот на славниот пар, 41-годишниот Ештон Кучер и 36-годишната Мила Кунис, конвулзиите, изгледа, сепак превладаа, па овој симпатичен пар се разведува, пишува таблоидот Woman’s Day.

‘Капката која ја прели чашата’, тврди наведениот медиум, одлуката е да го продадат својот луксузен дом во Лос Анџелес. Моментално се наоѓаат во изнајменото сместување, а во тек е изградбата на нивниот ‘дом од соништата’ на Беверли Хилс. Но, тврдат нивните пријатели, овој проект значајно влијаел на нивниот, и онака климав, брак.

‘Мега објектот кој го градат чини цело богатство и тоа предизвикува многу кавги. Јасно е колку се очајни кога заради изградбата на новиот дом го продадоа стариот, кој Мила го обожува’, тврди неименуваниот извор и додава дека нивниот потенцијален ‘дом од соништата’ сега се претворил во вистинска – ноќна мора. ‘Се препираат поради пари, уредување на домот, за тоа што Mila не сакаше да ја продаде куќата во Лос Анџелес. Ситуацијата е грозна. Се кладам дека нема да успеат да се вселат пред нивниот брак да заврши!’, заклучува изворот.

Потсетуваме, парот кој е во брак од 2015 година и има четиригодишна ќерка Вајат и двегодишниот син Димитриј, веќе неколкупати се најде на мета на медиумите кои пишуваа за проблемите во нивниот брак. Последните нагаѓања околу крајот на љубовта на милениците на публиката започнаа кога изворот за американските медиуми раскажа како познатиот пар во последно време се повеќе се кара, па со надеж да го спасат бракот одлучиле да побараат стручна помош.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag