
Јавноста во Америка, но и ширум светот ја запозна додека нејзиниот татко беше вршител на должноста потпретседател на САД, во администрацијата на Барак Обама. Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден ќе положи заклетва на функцијата на 20 ноември, а во тој момент ќе биде придружуван од неговата сопруга Џил Бајден и нивната ќерка Ешли, како и неговиот син Хантер од првиот брак.

Ешли Бајден ќе стане новата американска „прва ќерка“, која на тој начин ќе ја наследи Иванка Трамп. Ешли пораснала опкружена со политика и под будното око на браќата Хантер и Бо, кои починаа од рак во 2015 година. Хантер и Бо се синовите на Бајден што ги имаше со Нил, која почина во сообраќајна несреќа во 1972 година заедно со нивната ќерка Наоми. Американските медиуми претпоставуваат дека Џил, која е почитувана професорка, не планира да се откаже од успешната кариера и дека 39-годишната Ешли ќе го заземе своето место на светската сцена по инаугурацијата.

Ешли досега не беше во центарот на вниманието затоа што не беше подготвена за тоа, и не покажа никаква волја. Кога Џо беше потпретседател за време на мандатот на Барак Обама, таа имаше некои проблеми и не се истакна. Но, сега ќе се освести како Првата ќерка, а таа функција во новата администрација ќе биде исто толку важна како и претходната. Иванка имаше своја канцеларија, го обиколи светот во друштво на нејзиниот татко, имаше големо влијание врз него и успеа да склучи неколку важни зделки. На некој начин, тоа беше десната рака на татко и. Тоа може да го очекувате и од Ешли – изјави за медиумите извор од Вашингтон.

