Сиднејското предградие Роузвил кое е сместено на брегот изобилува со прекрасна станбена архитектура, раскошни модерни зданија со поглед на море. Едно од новите е Castlecrag House, раскошна вила со уникатен поглед на окен и зеленило.
Куќата е направена за само 10 месеци, која во еден дел претсваува и двокатница, благодарение на стрмниот терен во кој заради косината се нашло место за уште едно ниво вкопано во едната цела страна на брдото.
Погледот на океанот, пошумените островчиња се делови кои максимално се запазени за време на градењето. Сите соби се завртени кон брегот и се со вградени големи ѕидови наместо прозори, за уште поубав поглед.
Дневниот престој и кујната се единствениот простор од отворен тип кој со тргањето на стаклените ѕидови се шири кон големата тераса.