Одлука која менува се
Поранешната прва дама на САД, успешна адвокатка и сопруга на поранешниот американски претседател Барак Обама, 56-годишната Мишел Обама одлучи да сврти нов лист во нејзиниот живот и да стане „гуру“ за врските, пренесува Popsugar. Таа најави дека ќе објави свој подкаст во кој има намера да разговара со блиски луѓе за темите на личните односи и предизвиците што ги носат.
Нејзиниот нов проект ќе биде посветен на дискутирање на проблемите со кои се соочува општата популација, а гости во емисијата ќе бидат луѓе кои и се блиски. Првата епизода на „Подкаст Мишел Обама“ е најавена за 29 јули, а ќе биде достапна и на Spotify.
Во секоја епизода ќе разговараме за односите што нè прават такви какви што сме. Во другите епизоди, ќе разговараме за предизвиците и радостите со кои се соочуваме во улогите на родители или сопружници, за пријателствата кои ни помогнаа во тешки времиња “, објави Мишел на својот подкаст на Youtube.
‘Најмногу од сè се надевам дека ова шоу ќе им помогне на слушателите да започнат нови разговори, оние тешките, со луѓето за кои најмногу се грижат. На тој начин можеме да изградиме разбирање и емпатија едни за други “, додаде таа, откривајќи дека некои нејзини гости ќе бидат нејзиниот брат Крег Робинсон и незјината мајка Маријан Робинсон, ТВ презентерот Конан О’Брајан и поранешната советничка на Обама, Валери Јарет.