Таа наполни 51 година, иако годините на лицето и на телото дефинитивно не се видливи!
Џенифер Лопез беше забележана во Хемптонс додека возеше велосипед, еден ден пред да наполни 51 годинa.
Пејачката сакаше да се скрие од љубопитните очи, па таа носеше црно-бела заштитна маска и шлем за велосипед, а нејзиното спортско издание ги истакна облините на поп дивата. Имено, Џенифер носеше бел кроп топ и црни хеланки, додека на нозе носеше едни од своите омилени патики.Иако планираше да помине незабележано, дефинитивно тоа е невозможно кога станува збор за Лопез!
Сепак, она што го привлече вниманието на многумина е дека дневните изданија на Џеј Ло се сè поскромни во споредба со претходните комбинации.