Мистериозна келнерка му го украде срцето на познатиот холивудски убавец, а поради него сега фотографите ѝ го следат секој чекор

popara9 ноември, 20206min0
61982824

Зак Ефрон е во врска неколку месеци со келнерката и манекенка Ванеса Валадарес, која поради него сега ја следат папараците.

Актерот Зак Ефрон (33) во јуни се пресели во тивкото австралиско градче Бајрон Беј, во кое живеат околу 9.200 жители, каде ја запозна новата девојка.

Дека Зак повторно се за заљуби е откриено кога бил виден во интимна прегратка со 25-годишната келнерка Ванеса Валадарес во едно локално кафуле. Ванеса оттогаш предизвикува интерес кај јавноста, па затоа често е мета на папарацо.

Валадарес, која покрај тоа што е келнерка е манекенка, во саботата е видена на плажа во Бајрон Беј. Австралијката покажа фантастична фигура во портокалово бикини откако излезе од морето.

Инаку, Зак беше во долгогодишна врска со актерката Халстон Сејџ (27) пред Ванеса. Ефрон со месеци живее недалеку од нудистичката плажа Белонгил Бич. Еднаш рече дека сака да остане во Австралија затоа што му е лесно да остане анонимен. „Она што го сакам во таа земја, а го немаме во Калифорнија, е дека има толку многу плажи каде што воопшто нема луѓе“, истакна актерот.

Наводно, таму му се допаѓа толку многу што размислува да купи куќа наместо да изнајмува и не сака да се врати во Лос Анџелес. Со промената во местото каде што живее, Зак исто така престана да тренира и неговите совршени мускули делумно исчезнаа, а се прости и од брадата.

Ефрон во последно време е многу посветен на борбата за животната средина, а ја сними и документарната серија „Down to Earth“ што е достапна на Netflix. Актерот зборува за решенија за климатските промени што се случуваат низ целиот Свет.

Зак може да си дозволи и подолга пауза од актерството бидејќи неговото богатство се проценува на 25 милиони долари, а многумина мислат дека се простил од Холивуд.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag