МИСТЕРИОЗНИОТ МОНОЛИТ ИСЧЕЗНА! Вонземјанско чудо пронајдено среде пустина, а сега нема ни трага од тоа (ВИДЕО)

29 ноември, 2020
853633_41403-1-f_ls

Службеникот за управување со земјиште во Јута рече дека добил извештај дека монолитот бил отстранет во петокот вечерта, но дека не е познато кој го отстранил.

Мистериозен метален монолит пронајден во оддалечена пустина во западниот дел на САД, што предизвика национална дебата за тоа како стигнала таму, наводно исчезна, соопштија властите во саботата.

Официјален претставник за управување со земјиште во Јута изјави дека добил извештај дека монолитот бил отстранет во петокот вечерта, но дека не е познато кој го отстранил.

Монолитот е висок помеѓу три и три и пол метри, тој беше забоден во земјата и скриен меѓу карпите на карпестата пустина.

Направен е од мазен темно сив метал, и не личи на ништо во средина направена од црвена карпа.

– Тоа е најчудната работа што ја имам видено во текот на целата моја пилотска кариера. Биологот кој бил во хеликоптерот прв го видел монолитот. Тој извика „Еј, еј, сврти се, има нешто чудно таму, мора да погледнеме“, по што видов една чудна работа – рече пилотот.

Забележа дека монолитот наликува на оној од познатиот филм на Стенли Кјубрик „Одисеја во вселената 2001“.

– Мислам дека тоа е уметничка инсталација. Веројатно авторот е некој што е љубител на филмот „Одисеја во вселената 2001“ или некој уметник на новиот бран – вели Хачингс.

Кога ја забележале чудната конструкција, екипажот на хеликоптерот слетал за да погледне одблизу до монолитот лоциран во центарот на малиот кањон.

– Се пошегувавме дека ако некој исчезне, другите веднаш ќе побегнат – вели пилотот.

Ако се покаже дека монолитот навистина е уметничка инсталација, тоа не би било првпат некој уметник да го постави во пустината, далеку од цивилизацијата.

Минатата година германско-намибискиот уметник Макс Зиндентоф изгради уметничка инсталација од седум бели столбови на МП3 плеер и седум звучници.

Таа е на средина на пустината Намиб и постојано ја свири песната на Тото „Африка“. Уметникот одби да каже точно каде се наоѓа.