Ако се прашувате како изгледаше моментот кога 21-годишниот Бруклин Бекам клекна пред Никола Пелц, имате среќа. Младата двојка во истиот момент објави фотографии на своите социјални мрежи.
„Не можам да замислам живот без тебе, ме тераш да се чувствувам посебен и правиш да се смеам цело време. Јас секогаш ќе се грижам за тебе и секогаш ќе те поддржувам “, напиша Бруклин Бекам во својата објава.
Прстенот за веридбата што Бруклин Бекам и го даде на својата вереница, наводно, вреди скоро три милиони, а свадбата е закажана за 2021 година. Никола Пелц и Бруклин Бекам почнаа да се гледаат романтично, во втората половина на минатата година, а тоа го открија на јавноста во јануари. Никола Пелц се пресели со своето момче по само пет месеци врска.