Таа е секогаш убава и природна!
Убавата манекенка Синди Крафорд сè уште се смета за една од најпосакуваните жени во светот – нејзе годините не и можат ништо! Папараците ја фотографираа додека купуваше храна со сопругот Ренди Гербер во Малибу, а сите забележаа дека таа изгледаше совршено дури и во најопуштено издание. Наместо маска, Синди носеше марама, а беше облечена во фармерки со рамен крој, црвена блуза со малку подлабоко деколте и обични апостолки со кожа-боја на нозете.