Водењето љубов не само што ги зближува партнерите, туку има корисен ефект врз умот и телото, а всушност тоа треба да се прави што е можно почесто. Но, постојат луѓе на кои сексот со текот на времето престанува да ги забавува
Истражувачи од Универзитетот во Саутемптон спроведоа истражување со 4839 жени и 6669 мажи, на возраст од 16 до 74 години. Излегува дека на жените им е здодевно од секс многу порано од мажите. Некои жени, велат тие, го губат интересот за водење љубов по само 12 месеци врска со партнер.
Многумина од нив признаа дека изгубиле интерес во првата година по раѓањето на детето, како и поради мали деца на возраст под пет години.
– Ова може да биде последица на замор како резултат на примарната грижа за децата, а факт е дека секојдневниот стрес во голема мера влијае на сексуалното функционирање на жените, повеќе од мажите. Губењето интерес може да биде поврзано и со промена на фокусот – наместо да се фокусираат на мажот и нивната врска, жените се фокусираат на детето, објаснуваат авторите на студијата.
Тие додадоа дека вообичаени причини за намалена сексуална желба и недостаток на емоционална блискост со партнерот се лошата комуникација и здравствените проблеми. За некои жени, причината беше арогантното однесување на партнерот, но и нови тетоважи или пирсинг на телото. Другите споменати фактори вклучуваат лоши искуства во претходните сексуални врски, па дури и насилен секс.