Многумина проблемот со стресот го решаваат со чаша АЛКОХОЛ, но постои причина зошто НЕ треба да тоа да се прави

popara8 јули, 20201min00
alkohol

Можеме да си направиме многу повеќе штета отколку да си помогнеме.

Велат дека чаша црвено вино, еднаш дневно, е добро за здравјето.

Многумина се одлични познавачи на разни вина.

Исто така, многумина го користат во погрешни прилики.

Истражвањето на британската организација Drinkware, која беше спроведена на 2.000 луѓе на возраст од 30 до 45 години, покажа дека секоја шеста жена и една петтина од мажите пијат најмалку една чаша вино секој работен ден, по работното време.

Причината за оваа постапка, како што се изјаснија скоро две третини од возрасните, е полесно да се носиме со работата и обврските. Речиси 60% од нив доживуваат стрес на работа, но и поради финансиски проблеми, а додека една третина од нив доживуваат стрес како резултат на семејните проблеми.

Голем број на испитаниците изјавиле дека размислуваат за чаша вино кога ќе си дојдат дома.

Иако многу луѓе мислат дека алкохолот го намалува стресот, тој всушност предизвикува контра-ефект, а по консумирањето, проблемите изгледаат поголеми отколку што се навистина.

Сиобан МекКен, од организацијата Drinkware, нè советува да замениме чаша вино со спорт, или да го потрошиме квалитетно времето со нашето семејство. Според неа, тоа е единствениот начин навистина да се опуштите и стресот да исчезне, пренесува 24sata.hr.

„Алкохолот може да го наруши сонот, да предизвика дебелина, да го зголеми ризикот на карцином и срцеви заболувања и колку повеќе го пиете, толку побрзо телото ќе се навикне. Затоа треба да бидете внимателни и да знаете дека пиењето чаша вино после работа ни станува навика, и може да се претвори во многу посериозен проблем, а тоа е алкохолизмот “, истакна професорот Пол Волас, медицински советник на организацијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma