Може ли алкохолот да доведе до несакани килограми?

popara10 април, 20202min00
drinks

Консумирањето храна под дејство на алкохол може целосно да ви ја расипе диетата, а причината не е само фактот дека алкохолот честопати е полн со калории и шеќер. Имено, алкохолот влијае на хипоталамусот, делот од мозокот кој е одговорен за хормоните кои контролираат сè, од температурата на вашето тело до чувството на глад, жед, замор…

Додека консумирате алкохол, се зголемува грелинот (хормон кој го стимулира гладот), што ве тера да се чувствувате како да мора да изедете буквално сè што ќе видите. За среќа, сепак, постојат начини да се напиете неколку пијалоци без претерување со внесот на калории.

Останете хидрирани

После голтка алкохол – голтка вода. Ова ќе спречи глад и ќе го забави внесувањето на алкохол. Исто така, хидратацијата ќе спречи потенцијални главоболки и мамурлак следното утро.

Избегнувајте сламки

Две сламки може да изгледаат како софистициран начин да пиете коктел или друг алкохолен пијалок, но користењето сламка може да предизвика пребрзо да испиете премногу алкохол. Ако можете, секако избегнувајте ги.

Поедноставете ги коктелите

Овошните сирупи, кои се честа состојка во коктелите, претежно се полни со шеќер, што може да доведе до зголемена подоцнежна желба за слатко. Наместо тоа, изберете коктели што содржат минерална вода, чај или  нискокалоричен овошен екстракт, така што ќе го избегнете внесот на непотребни калории.

Држете се до светлите пијалоци

Светлите алкохолни пијалоци, белото вино и шампањот често содржат помалку додадени состојки. Овие пијалоци содржат и помали количини на конгени – природни, но токсични ферментирани нуспроизводи.

Дали сте забележале дека пиењето алкохол влијае на вашата тежина? Споделете во коментарите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag