Овој викенд, можеби наидовте на една математичка загатка која многу брзо се прошири на Фејсбук, многу луѓе брзо ја решија, а со тоа и погрешно. Станува збор за вештерки, магични стапчиња, метли и математика.
Многумина како решение напишаа 32, мислејќи дека ја сфатиле „финтата“. Но, има уште два детали на кои што треба да им се обрати внимание за да се најде вистинското решение – погледнете ги метлите во средниот ред и магичните стапчиња во задниот дел.